Македонија Новости Став Топ Вести

Груевски : Власт која не научи барем навреме да купи учебници и свидетелства треба да падне

Неверојатно е како седма година по ред владата повторно доцни со учебници за учениците, па еве и оваа година во октомври сеуште нема дел од учебниците, а во претходните години некои учебници ги набавуваа при крајот на учебната година наместо на почетокот. Секоја година учениците и нивните родители се под стрес дали навреме ќе добијат свидетелства за да можат да се запишат во повисок степен на образование.

Колосална и колективна неспособност, за која нема друг лек освен промена.

Откако во 2009 година кога за прв пат во историјата на Македонија воведовме бесплатни учебници за сите ученици, владата која ја предводев вложи преку 45 милиони евра во набавка на учебници во следните години до нејзината смена, се разбира по тогашните цени.

Оттогаш наваму не треба секоја година да се купуваат нови учебници, туку периодично а во меѓувреме се менуваат само оние кои се дотраени.

Паралелно воведовме и бесплатен превоз за ученици кои живеат повеќе од 2,5 км далечина од училиштето.

Овие две активности ни дадоа основа истовремено да воведеме задолжително средно образование во земја во која претходно задолжително беше само основното.

Тогаш го воведовме и деветгодишното основно образование, бесплатен интернет во сите училишта, компјутер пред секој ученик во секое училиште што исто така беше огромна инвестиција, изучувањето на англискиот јазик со по два часа неделно од прво и по три часа неделно од трето одделение стана задолжително, а веќе од шесто одделение и уште еден светски јазик, најчесто германски или француски.

Во шесто одделение како изборен предмет го воведовме “Етика на религиите”, “Запознавање на религии” како и “Класична култура на европска цивилизација”.

Се воведе и задолжителен предмет од трето одделение по информатика со посебен фокус на програмирањето.

Се направија и редица активности во правец на овозможување зголемена мобилност на наставниот кадар со доделување грантови, студиски престои во странство во ЕУ, обуки итн.

Се спроведоа и многу други проекти.

Зошто?

За Македонија да спадне на влада која седум години незнае учебниците да ги набави на време, неможе на време да спроведe тендер за свидетелства, па децата се под стрес и незнаат дали ќе може да се запишат на време во повисокиот стадиум на образование, матурскиот испит е масовно пробиен и го има на вибер групи и секој знае дека може да препишува, па наскоро може да почнат да не го признаваат во странство, а и на домашните универзитети.

Влада која само знае да склучи договори со разни НВО да продрат во училиштата за да ги индоктринираат децата дека мажот може да е и жена, а жената маж, дека можат да си го менуваат полот, дека класичниот брак е исто што и еднополовите бракови и слични содржини за кои воопшто нема консензус во општеството и кои се спроведуваат тивко и на мала врата за да се спроведуваат туѓи идеологии и да се одржуваат во живот и да се финасираат НВО кои во многу ситуации периодично имаат партиска агенда.

ФБ статус на Никола Груевски

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *