Мицкоски: Зошто никој не го прашува за избори и не се канат набљудувачи
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христријан Мицкоски, е зачуден што никој не го прашува за избори и не се канат набљудувачи на ОБСЕ.
„Ние се наоѓаме на помалку од шест месеци од изборен процес. Ова не се случило никогаш како сега да нема комуникација на тема што правиме бидејќи имаме два значајни изборни процеси што за неколку месеци од денеска ќе ни се случат. Нема ниту лидерска средба да разговараме за дати, нема ни разговори што значи адаптирање на Изборниот законик. Тоа не се случило досега, а јасни се препораките на ОБСЕ и ОДИХР дека шест месеци пред избори не треба да се менува Изборниот законик“, изјави Мицкоски во „Тема на денот“ на Сител телевизија.






