Државничка одлука, или заштита на идентитетот преку национално единство
Огништето на татковината, кое е создадено во пламен и со крв, да го сочуваме. Аманаетот на илинденците и асномците е одлучност, а не откажување. Сите државнички одлуки од независноста до денес како полноправна членка на НАТО ги носело македонското Собрание и денес народните избраници се пред тој чекор во име на европската иднина на Македонија.
Ова е клучната порака која премиерот Ковачевски ја испрати од скопското Кале на чествувањето на Илинден во главниот град. Целиот свој празничен говор Ковачевски го стави во коентекст на политичката атмосфера во дражвата поврзана со уставните измени.
„И денес Републиката има потреба од нова државничка одлука на денешната генерација народни избраници, со што државата и граѓаните ќе продолжат по зацртаниот пат на напредокот. И денес е потребно да се свртиме кон аманетот кој ни го имаат оставено илинденците и аснимците….Благодарение на тоа, ние денес имаме своја држава, единствена, македонска држава. Наше огниште. Секој кој сака да се повикува на патриотизмот во претстојните одлуки кои треба да обезбедат континуитет на прогресот, поставен со Илинден и АСНОМ, нека погледне длабоко во себе и нека погледне добро пред себе.“
Политичкиот контекст главен и во пораката на опозицискиот лидер Христијан Мицкоски кој со партиска делегација пак, најпрво на Мечикин камен, а потоа во Ташмануришта го чествуваше Илинден. Мицкоски вели и денеска македонскиот народ, како илинденците, покажува пркост и се бори за својот идентитет и достоинтвена иднина.
„Денеска од претставниците на власта ќе слушнете многу изјави, но додека ги зборуваат тие изјави пред медиумите знајте дека под маса договораат дополнително да го распродадат македонскиот супстрат и македонскиот идентитет за ден повеќе во фотелјите и ден повеќе да можат да ја пљачкаат и крадат Македонија. Но, пораката за единство на македонскиот народ е пред и над се, и тоа е порака која што денеска ја упатуваме од овде, од Мечкин Камен, затоа што кога македонскиот народ, кога граѓаните во Македонија се единствени, дури ни таков тип на политичари немаат никаков ефект и ништо не можат да направат. Само единствени ќе дојдеме до посакуваната цел, а тоа е Македонија која што ќе биде просперитетна, Македонија мајка на сите граѓани, развиена, европска земја“
Честитки и пораки стигнаа и од другите политички лидери во земјава.
Илинден денеска се чествуваше на различнини локации. Освен на калето, во Скопје делагации имаше и пред споменикот на Никола Карев пред Сиобранието, споменикот на АСНОМ во паркотот Жена борец, како и пред споменикот на Методија Андонов Ченто на плоштадот Македонија.
Традиционално за Илинден, матицата на иселеници, ја одржаува и се македонска средба во Трново.






