Македонија Новости Топ Вести

Свечена академија – „32 години независност“ по повод државниот празник 8 Септември


Со Свечена академија – „32 години независност“ што ќе се одржи попладнево во Филхармонијата, почнува одбележувањето на Денот на независноста на Република Македонија, 8 Септември.

Свечената академија на која ќе присуствува и ќе се обрати премиерот Димитар Ковачевски, ќе се пренесува во живо на Националната радио-телевизија, како и на каналите на социјалните мрежи на Владата.

Одбележувањето на државниот празник кое е организирано од Владата под мотото „Гласник на слободата“, продолжува утре со повеќе културни, забавни и спортски настани.

По повод 32 години од прогласувањето на независноста на државата, утре владина делегација предводена од премиерот Ковачевски, во чиј состав ќе бидат првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, министерката за одбрана Славјанка Петровска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерот за здравство Фатмир Меџити, ќе оддаде почит и ќе положи цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели на државата, Киро Глигоров и Борис Трајковски, во Алејата на великаните на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *