Македонија Новости Топ Вести

Екологистите апелираат да се заштити Јабланица

Јабланица да се прогласи за национален парк оти на тој начин ќе запре уништувањето и соголувањето на шумите како и узурпацијата на земјиштето преку изградбата на дивоградби.

Македонското еколошко друштво ја реафирмира иницијативата. За поголема заштита на природното богатство, еколозите бараат час поскоро да заврши постапката за заштита.

„Систематското уништување на природните ресурси не престанува, за жал. И да укажеме на тоа дека доколку се продолжи со таков начин на однесување кон природата можеби ќе го изгубиме и моментумот планината да биде прогласена за национален парк односно ќе мора да биде во некоја пониска категорија“„ вели Фросина Пандурска Драмиќанин од Македонското еколошко друштво (МЕД)

Досега се направени бројни студии за валоризација на природните вредности на Јабланица, но процесот за прогласување на заштитено подрачје е закочен.

„Тоа што недостига сега е нова студија за валоризација на природните вредности со социо-економско истражување, а тоа е минимумот документација која што е потребна за процесот малку да се придвижи на институционално ниво“, додава Драмиќанин од  Македонското еколошко друштво (МЕД).

Над 70% од локалното население од македонска страна ја поддржува иницијативата за  прогласувањето на Јабланица во Национален парк,особено од жителите на селата под планината. Албанската страна од планината е национален парк уште од 2008 година,а  во земјава  постои иницијатива уште од 2007 година.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *