
Во “нашата земја” на никаков начин нема да биде обележан денешниот ден, во кој бугарските фашисти го стрелаа Вапцаров 1942 година. Овде, “на државно ниво, за да не ни се налути пријателскиот сосед“, со намера сме да се заборавиме самите себеси, а не пак да чествуваме и споменуваме историски и културни дејци. Освен поединечно и на социјалните мрежи. Па, така и графичкиот дизајнер Ласко Џуровски го оживеа неговиот ракопис со кој е напишана неговата “Проштална”. И тоа е начин да се направи виртуелен спомен на големиот поетски гениј, за неговото дело вечно да им биде инспирација на вљубениците во поезијата насекаде низ светот!

ОМО “ИЛИНДЕН“-ПИРИН/ OMO Ilinden-Pirin, Здружението на Македонците во Бугарија, се чини многу послободно од нас, го негува споменот за Никола Јонков Вапцаров: “ Пред 81 година – на 23 јули 1942 година, во 21 часот и 10 минути, во стројот за отстрел, на стрелиштето „Гаризон“ во Софија, пред да се чујат истрелите на смртта, позната и убава песна излегува од градите на нескршливите бестрашни борци Никола Вапцаров и Антон Попов.
Претходниот ден софискиот воен суд пресудил смртна казна за Никола Вапцаров, Антон Попов, Атанас Романов, Георги Минчев, Антон Иванов и Петар Богданов, за нивното антифашистичко дело. По објавување на пресудата, во судската сала се слушале лелеци и плач од најблиските. Вапцаров, непосредно пред да биде стрелан, ѝ ја напишал на својата сакана Бојка песната „Проштална“.
По стрелањето, кое Вапцаров го преживеал, лично Царот Борис Трети издал наредба да се стрела по втор пат – Борис е директниот наредбо-убиец на Никола Јонков Вапцаров!
Минатата година проф.Стојко Стојков ја редактираше книгата – Никола Јонков Вапцаров “Ние сме Македонци и нашето творчество трябва да бъде в служба на македонската кауза”, во издание на Македонскиот културен клуб “Никола Вапцаров”, Благоевград.
Бидејќи целосно се исцрпи тиражот од првото печатење, со донација на неколку патриоти од Македонија, се изврши и второ печатење на истата.
Ние денес ви ја споделуваме нејзината онлајн (бесплатна) верзија:

https://eprints.ugd.edu.mk/…/Nikola%20Vapcarov_2022…
СЛАВА ИМ НА МАКЕДОНСКИТЕ ЈУНАЦИ!“






