Оркестарот на Македонската филхармонија следната недела ќе гостува во
Подгорица (4 јули) и во Дубровник (6 јули). Во Подгорица концертот ќе се одржи во
Музички центар на Црна Гора, а во Дубровник, оркестарот на Филхармонија ќе
настапи во „Књежев двор“.
На програмата се Концертот за пијано и оркестар бр.2 од Kамиј Сен-Санс,
„Пајдушко“ од македонскиот композитор Филип Иванов и Симфонија бр.4 од
Лудвиг ван Бетовен, а на концертот во Дубровник ќе биде изведено и делото
„Идила“ од хрватскиот композитор Благој Берса. Диригент е Борјан Цанев, а како
солистка ќе настапи македонската пијанистка Марија Ѓошевска.