Македонија Новости Топ Вести

Огнените Ганиу и Меџити пријавиле закани од заменик директорот на Царина, Асани

Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу и пратеникот Изет Меџити и двајцата членови на таканаречената огнена група, фркација на ДУИ вечерва пријавиле закани кои, како што пренесе АлсатМ им ги упатил Муарем Асани, заменик директор во Царинската управа и кандидат за претседател на огранокот на ДУИ во општина Бутел инаку брат на Беќир Асани, кој на јавноста и стана познат со случајот кога полицајка мораше да сведочи дека Асани не ја нападнал при рутниска контрола туку дека таа се удрила во „пајакот“ кој требало да ја крене колата на Асани.

Огнените Ганиу и Меџити пријавиле закани од заменик директорот на Царина, Асани

Градоначалникот на Чаир Ганиу остро ги осуди заканите, за кои тврди дека ги добил од Муарем Хасани, кој пред само два дена ја објави кандидатурата за претседател на огранокот на ДУИ во општина Бутел.

Ганиу сведочи дека вечерва околу 20 часот добил повик од непознат број, а кој се преставил како Муарем Хасани.

Ганиу вели дека се чувствува загрозено затоа што Хасани му се обратил и му рекол, „вие и Изет Меџити ќе се најдете на улица“, по што продолжил со сериозни навреди и закани, пренесе АлсатМ.

Како што објаснува Ганиу заканите доаѓаат по неговата изјава дека изборите на претседателите на ограноците на ДУИ се нестатутарни.

Ганиу вечерва заканите ги пријавил во полициската станица во општина Кисела Вода.

Огнената група членови која е фракција во ДУИ нема да учсетвува на внатрепартиските избори за претседатели на ограноците на ДУИ во општините Чаир и Бутел сѐ додека, како што велат оттаму, не се објават кандидатурите за избор.

Од групата велат дека секоја активност на партијата е антистатутарна, а изборите нерегуларни затоа што, како што вели Ганиу дека по обидот на приврзаниците на вицепремиерот Артан Груби да ги исклучат членовите од Огнената група, органите на ДУИ немаат целосен состав на членови и секоја нивна одлука не е полноправна.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *