Македонија Новости Топ Вести

Агелер: „САД ве поддржуваат, но не можеме да го направиме место вас“

Повици да не се политизираат уставните измени, да почне дебата за нив и да се најде решение во интерес на граѓаните. „САД ве поддржуваат, но не можеме да го направиме место вас“, вели амбасадорката Анџела Агелер

Власта и опозицијата во Северна Македонија мора да работат заедно,  да работат за интересите на граѓаните. Приклучувањето на Северна Македонија во ЕУ, меѓу другото ќе ѝ помогне на земјата подобро да се справи со домашните предизвици, а еден од нив е корупцијата. Ова го порача американската амбасадорка, Анџела Агелер, на конференцијата „Односите на САД и Северна Македонија во ера на геополитички превирања“, во организација на Претседателскиот центар за политичко образование. 

„Водството на Северна Македонија мора да пронајде начиндури и пред формално да влезете во ЕУ. САД ќе ве поддржат, ќе продолжиме да инвестираме во вас, но ова не можеме да го направиме наместо вас. За да го преземете следниот чекор, кој ќе ја води вашата земја кон посветла иднина, мора да има политичка волја. Во секоја држава за одредени важни одлуки потребно е власта и опозицијата да работат заедно, да ја тргнат настрана политиката и да го сторат она што е добро за граѓаните. Во сржта на тешките одлуки, кои треба да се донесат, во суштината на тоа зошто НАТО, ЕУ, вашиот однос со САД и зошто домашните реформи, се всушност вашите граѓани“, вели Агелер.

Приклучувањето во ЕУ, според неа, ќе ѝ обезбеди на Северна Македонија подобро да се справи со домашните предизвици, а  еден од нив го наведе и иселувањето на младите. Членството може да помогне во спречувањето на тој тренд, а тоа исто така ќе донесе економски можности, креирање на нови работни места, образовни можности.

Ќе го зачувате јазикот, ќе ја зачувате културата, ќе го зачувате идентитетот, тоа е вашето наследство, тоа е нешто суштинско, кое ве прави она што сте како држава и во исто време ќе добиете многу. Станувањето дел од една таква алијанса помага и во ставањето крај на корупцијата и ставање крај на судската криза, во спроведување на реформите и исполнување на стандардите“, додаде Агелер. 

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *