Македонија Новости Топ Вести

Уставните амандмани „ги изеде мрак“, но Ковачевски е оптимист за процесот

Уставните амандмани „ги изеде мрак“, но Ковачевски е оптимист за процесот

Сè уште се одолговлекува разгледувањето на предлог-уставните амандмани во Владата. Премиерот Димитар Ковачевски денеска информира дека иницијативата е во Министерството за правда и се работи на нејзино техничко докомплетирање, иако се очекуваше уште во вторникот да добие зелено светло на владина седница, па да се испрати во Собранието. Ковачевски вели дека што побрзо се заврши овој процес, толку подобро ќе биде за државата и таа не смее да биде блокирана одвнатре.

„Во секој случај процесот нема да застане, без разлика на променливите ставови на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи тие знаат често да ги менуваат ставовите. Јас верувам дека во Собранието, од 120-те пратеници ќе има огромно мнозинство коешто е за европска интеграција на државата. Таа поддршка ни доаѓа и од сите наши стратешки партнери“, рече Димитар Ковачевски 

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *