Култура Македонија Новости Стил Топ Вести

ЗДРУЖЕНИЕТО НА ЏЕЗ МУЗИЧАРИ СО КОНЦЕРТОТ „ЏЕЗ И РОЛ“ ГО СЛАВИ СВЕТСКИОТ ДЕН НА МУЗИКАТА

Биг бендот на Здружението на џез музичари и слободни уметници вечерва ќе одржи концерт насловен „Џез и рол“ (Jazz & Roll) на платото пред кафе барот „Филхармонија“ во Скопје. Концертот почнува во 21 часот и со него ќе се одбележи Светскиот ден на музиката, кој се слави на 21 јуни.

„Овој датум е избран да се совпадне со летната долгоденица, ден кој ја симболизира совршената рамнотежа на светлината и темнината и служи како метафора за хармонијата и единството што музиката ги носи во нашите животи“, се вели во најавата на концертот.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *