Македонија Новости Топ Вести

Габриел Ескобар верува дека санкциите кон Мерко ќе и помогнат на Македонија во борба против корупцијата

Се надевам дека ова ѝ помага на владата во Северна Македонија да продолжи со напорите за борба против корупцијата, рече заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар, за Албанската редакција на Гласот на Америка, одговарајќи на прашањето дали очекува политички последици откако вчера САД го стави на црна листа градоначалникот на Струга Рамиз Мерко поради значителна корупција.

Стејт департментот денес соопшти дека додека ја извршувал функцијата градоначалник на Струга, Мерко „присвоил средства и се мешал во судските и другите јавни процеси, нанесувајќи ѝ штета на вербата на јавноста во демократските институции и функционери во Северна Македонија“.

about:blank

Координаторот за антикорупција на Стејт департментот Ричард Нефју, вели дека ставањата на црна листа имаат цел да ја покажат поддршката на САД за владеењето на правото и напорите за борба против корупцијата низ целиот свет.

– Секогаш кога зборувате за нешто што вклучува визни ограничувања или санкции, секогаш ќе има прашања за ефикасноста. Мислам дека во голема мера, сепак, успеавме да покажеме значајни резултати во однос на помагањето на актерите на граѓанското општество и другите дека тие не се сами. И дека кога се соочуваат со корумпирани актери, имаат поддршка и имаат поддршка од меѓународната заедница – рече Нефју за Албанската редакција на Гласот на Америка.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *