Поплавените домови не се единствена мака за делчевчани. Невремето оштети и дел од регионалниот пат кон Македонски Каменица, па сега единствена сообраќајна врска е патот преку Виница и Пехчево. Да се стигне до Кочани, сега ќе се возат дополнителни 30 километри. Од Макеоднија пат уверуваат дека поправката на пропаднаиот асфалт ќе заврши до вторник.
Првиот повик за помош, по невремето, Делчево го упатил до Центарот за управување со кризи. Опрема за испумпување на водата пристигнала од Кавадарци.
„Јас лично стапив во контакт со градоначалникот на Кавадарци, без да губиме време на формалности, од Митко Јанчев побарав доколку е во можност да испрати неколку тимови од ТТПЕ“, изјави Стојанче Англеов, Директор на ЦУК.
Освен опрема, дел од општините во државата најавија и парична помош. Градоначаникот на Делчево во друштво на министерот за транспрот и животна средина пак денеска рече дека најголема поддршка гледа во владата. Досега, најавите од неговите колеги градоначалници, не биле реализирани.
„Ова е само на социјалните мрежи, немаме пристигнато ништо на сметка во општина и Јас би рекол дека најважна е поддршката од централната власт бидејќи се работи за поголеми зафати кои може да ги решиме преку буџетот на владата. Овие други помошти се добредојдени, но не го решаваат проблемот на граѓаните“ изјави, Горан Трајковски, Градоначалник на Делчево.
„Да го добиеме извештајот на општина Делчево и на следна седница на влада да донесеме одлука за целосна поддршка за санација на сите точки во општина Делчево. Се работи за оваа улица, се работи за едне пропуст на регионалниот пат“ изјави Благој Бочаварски, Министер за транспорт и врски.
Кисела вода прва одлучи да одвои 300 илјади денари помош за Делчево.. Во меѓувреме, од опозициската партија најавиа дека и други општини ќе одвојат пари за справување со штетите.
„ВМРО-ДПМНЕ преку своите градоначалници организираше финансиска помош за граѓаните од овој крај на државата. И така планираме да работиме и во иднина. ВМРО-ДПМНЕ не ги дели општините на ваши и наши на вмроовски и сдсмовски“, изјави Драган Ковачки.
Деканот на градежниот факултет денеска од Делчево порача дека постои опасност и од појава на свлечишта во градот.