Лидерската средба меѓу премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски ќе се одржи најверојатно задрутре.
До пролонгирање може да дојде единствено ако лидерот на СДСМ инсистира таа да биде во проширен формат. Претседателот ВМРО-ДПМНЕ сака таа да биде 1на 1 , односно без претставници од двете партии.
Тоа значи дека лидерите треба да се видат очи во очи за да не излегуваат различни информации од двете страни.