Став

Дневникот на Sarah Kay: Цвет

Со апсурд се граничи моќта на еден природен цвет да преживее суви студови, силни ветрови, пеколни горештини… 

Сепак ја има силата…дарба е од Бога…и тогаш кога се најголемите невремиња да се избори и да опстои…

Чудно е тоа Божјо создание, створено да ги радува сите човекови потреби за милост, мирис,убавина и нежност…

Онаму каде сите војски ќе минат, а педа нема да освојат посебноста на овој цвет ќе извојува победа…

Единствена “слабост” на цветовите е тоа што извор на нивната сила е љубовта и потребата за емоционална исполнетост која ништо друго не може да ја надополни…тие од ова живеат, се хранат и цветаат. 

Тие само со ова, сѐ преживуваат и подолго опстојуваат…во спротивно…ќе овенат,повеќе им е потребна од вода…

Немам привилегија да бидам создадена како цвет….но се чувствувам ко роза…

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *