Kолумни Став

ЗАКОПАЈТЕ СЕ ВАЗАЛИ ПОКРАЈ ПАДНАТОТО КОЛЕНО

Соња Манџук

Денешната, сега веќе вчерашна, вест дека американскиот претседател Бајден се сопнал и паднал на колена, ќе ме одминеше како лански снег во денешниот летно-есенски втори јуни. Тоа често му се случува, па веќе и не е вест на која што би требало да сме особено, уште помалку сеирџиски, љубопитни. Но, јас, се` уште под импресии од изјавата на гувернерката на  нашата земја, Ангела Агелер и на американскиот сенатор Крис Марфи, со особен интерес го проследив неговиот пад. Да не бил, овојпат, замислен по прашањето на нашата посветеност на евроатлантските интеграции и европскиот пат нанашата преубава земја на север, на којашто и климата и стана несодветно северна како што и стана и името. Ономастиката е, знаете, наука за имињата и нивното суштинско значење и влијание и ни вели- или ќе си го вратите уставното име или секогаш ќе ви студи. И во август ќе си греете по дома! А,струјата пак ќе поскапи, затоа што вие ќе мора да плаќате и за тие што се вечно дискриминирани и угнетени да не плаќаат. Вештачкото менување на климата ич да не го споменувам во оваа колумна. И тоа би било преголема дигресија од, сега веќе посериозниот пад на Бајден, на двете колена. Да не имал информации, дека е сепак неверојатно можно, Бугарите да не ги внесеме во Уставот ( во што ни јас со сиот оптимизам што го негувам, тешко ми е да поверувам)  и така замислен и предвреме запрашан, оти далеку е декември, та се сопнал на вреќа песок ли беше, што ли беше кажал директорот за комуникации на Белата Куќа, Бин Лабот. Што и да кажал,има и таму публика, како и овде, како и насекаде, што ќе поверува во се` што ќе и биде кажано. А, јас морам да кажам дека со големо задоволство кажав- американскиот претседател, се сопнал и паднал. Со нагласок на американскиот претседател. Па, ако по некоја случајност ова го прочита некој Американец, да се почувствува како јас кога некој ќе каже северномакедонскиот претседател. Па уште ако го цитира со изјавата – јас сум политичар што има свое мислење, со коментар -би го имал можеби, но еднаш ти се случило во последен миг да не се качиш на авион и… неповратно одлетало сопственото мислење. Или, да потсети на – нема да гласам- ќе гласам, нема да, ќе…што, мора да признаеме е соодветно на своевиден пад на колена!Има и своевидна сличност помеѓу двајцата претседатели. И овој што треба да биде наш е перципиран како робОт.

Но, оваа колумна ќе се држи и до мејнстримот и нема да ги помине рамките на матриксот, иако нејзиниот автор е склон да верува во клонирани водачи, хибрид двоножци, марионетски влади и робОт претседатели на држави. Затоа што за нашава ситуација воопшто не е битно дали се погубени/клонирани двојници или роботизирани. Се додека им функционираат батериите. Кога ќе бидат неповратно изгасени, сите ќе знаеме со сигурност. Коментарот од фб ми влета во колумна. Постмодернистичкиот отворен дискурз како да ме сопнува и мене. Лол. Веќе почнувам да стравувавам, дека ова е, повторно прекомплицирано и тешко за читање, особено за читатели што не одат подалеку од насловот.

Насловот е парафраза од книгата на Ди Браун- Закопајте ми го срцето кај ранетото колено.Во неа се говори за тресетгодишното систематско уништување на Индијанците од страна на белиот цивилизиран човек. Години на погазени ветувања, разбиени илузии, валкани војни и масакри над староседелците. Историска сага за суровоста,измамата и насилието. Додекаја читаоваавпечатливаи моќна книга, човексе прашувакој во таа приказна навистина билдивјак. -Washington Post. Одамна ја имам читано. Уште во време кога ни насетување немавме дека на некој начин ќе ја делиме судбината на Индијанците. И на Македонците од егејскииот дел на Македонија. Плачев додека ја читав, токму како дами се род.А се восхитувавав на мудроста, хаброста, достоинственоста на поглавиците на сите тие племиња индијански. Сега ми се плаче поради кобајаги нашите вазали без грам достоинственост и во секое време, по секое прашање, однапред подготвени да паднат нанародните колена. И за апатичноста и рамнодушноста на народот македонски. Иако е можеби само навидум таква.Како замаени, зачмаени, како зомбирани пред ‘резерватот’ кој ни е подготвен. Еден крик барем! Барем еден ‘индијански поклич’! Една остра тастатура барем. И оваа е затапена.

Што ни порачаа ‘нашите американски пријатели и стратешкиот ни партнер’, освен што пријателски ни се заканија ако не ги направиме уставните измени и не ги ставиме Бугарите во Уставот, тоа ќе влајеало на нашите пријателски односи со САД/ НАТО/ ЕУ. Односите ќе ни биле нарушени. Нема да ни биле веќе пријателски. Доколку не ги донесеме тешките одлуки за напредување во евроатлантските интеграции до крајот на декември,ќе имало луѓе во Белата Куќа што ќе се прашувале колкава била нашата посветеност на европскиот пат. Нашата посветеност на патот да не нема. Нашата посветеност да се самоукинеме и да им го олесниме планот. И, што тоа значи? Ќе не бомбардираат, ќе ни сместат уште некој изолиран феномен од вооружени туристи? Ќе не замаваат со климатско оружје,ќе ни направат поплава или ќе не здрмаат со земјотрес? Што можеме да очекуваме од непријателски настроени партнери кога веќе пријателски и стратешки ни го стокмија конфликтот од 2001, ни го режираа рамковниот договор, ни го навија законот за територијална организација на локално ниво и многу пријателски придонесоа за владеењето на малцинството врз мнозинството; ни го запржија и со пржинскиот, продолжија и со преспанската зделка и еве ги и со француско-бугарскиот предлог за конечно да го решат македонското прашање со /само/укинување на Македонците. За енормното задолжување како економска рамка на поробување муабет да не правиме. И сето тоапоради нашите политички вазали за кои се уште немало друга алтренатива.И покрај постоењето на БРИКС! Па, закопајте се вазали, покрај веќе извесно паднатото колено!

Колку моќно сега звучи изјавата на турскиот претседател Реџеп Таир Ердоган: Полошо нешто од тоа Америка да ви биде непријател, е само тоа- Америка да ви биде пријател.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *