Македонија Новости Став Топ Вести

Конститутивна седница на Националното собрание на млади


Во Собранието денеска ќе се одржи Конститутивна седница на Националното собрание на млади, согласно член 11 од Законот за младинско учество и младински политики.

Како што информираат од обраниката прес-служба, по отворањето на седница и усвојување на дневниот ред ќе следи дискусија и усвојување на деловник за начин на работа и одлучување на Националното собрание на млади. Потоа, ќе се избере претседавач на Националното собрание на млади.

Во рамко на седницата ќе се усвојат работните тела на Националното собрание на млади и одлуката за објавување на повик за избор на младински претставници во Националното советодавно тело за младински политики, дефинирање на динамика за работа на Собранието и ќе се изберат претставници во координативно тело за свикување и организирање на наредната седница на Националното собрание на млади.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *