Во Кинотека ќе биде прикажана претствата „Донка – Писмо до Чехов“ на Даниеле Финци Паска
Фестивалот „Театар на платно“ ја продолжува својата мисија.
На 31-ви мај (среда) во 19:00 во Кинотеката на Македонија ќе ја прикажеме претставата ДОНКА – Писмо до Чехов на уникатниот Даниеле Финци Паска и неговата трупа.
Претстава е направена во 2010 година во Русија во копродукција со Чехов фестивал по повод 150 годишниот јубилеј на Чехов. АртАктУм успеа да ги добие правата за само еднаш, ексклузивно на големо платно, да ѝ ја прикаже на македонската публика.
Потоа ќе има разговор со Ана Стојаноска,театролог, писател, професор на ФДУ, претседател на МТФ „Војдан Чернодрински„ Зоја Бузалковска, режисер, професор на ФДУ, Небојша Вилиќ,
историчар на уметноста, професор на ФДУ.