Култура Македонија Новости Топ Вести

Свечено врачување на наградата „Роман на годината“

Свеченото врачување на наградата „Роман на годината” за 2022 година ќе се одржи утре, вторник (30 мај) во Музејот на современата уметност во Скопје, со почеток во 20 часот.

Лауреат на наградата е романот „Вистината но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени” од Влада Урошевиќ, а во издание на „Арс Ламина”.

Наградата „Роман на годината”, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски”, годинава ќе биде врачена по 24. пат. Наградата се состои од плакета, оригинална статуетка (авторство на скулпторот Сашо Саздовски) и паричен износ од 150.000 денари.

На Свеченото врачување ќе настапи и џез бендот на Гоце Стефковски.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *