На големата сцена во Македонскиот народен театар (МНТ) вечерва премиерно ќе се одигра претставата „Иванов“ по текст на Чехов, во режија на Зоја Бузалковска.
Чехов пишува за едно време на транзиција, време на чекање и позицијата на интелектуалецот. За луѓе кои се предвреме истрошени, изморени и предвреме остарени, вели Бузалковска. Ова е прва поставка на „Иванов“ по цели 39 години по поставувањето на овој текст на сцената на МНТ