Оваа година ќе се отвори сериозна патека за Западен Балкан, пред сè, поттикната и од потребата за Украина. Ќе се расчистат две групи – една што влегува во брзата патека и втора група што чека подобар момент. Ние или ќе влеземе во групата со Србија, Црна Гора и Албанија или ќе останеме во групата со Босна и Херцеговина и Косово кои сè уште имаат отворени прашања – вели министерот за надворешни работи, Бујар Османи
Вратата на Европската Унија се отвора периодично, во одредени геополитички моменти, а процесот не бил лесен за ниту една земја, најмалку за нас бидејќи имавме билатерални пречки, но немаме алтернатива и затоа сега имаме сериозна шанса да бидеме во првата група држави што ќе влезат во ЕУ и пред нас е историска одлука за тоа дали ќе бидеме дел од оваа група, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи во гостување во емисијата „360 степени“ на ТВ „Алсат“.