Македонија Новости Топ Вести

Законските измени за коридорите и денеска пред пратениците

Во Собранието и денеска продолжува дебатата за предложените законски измени поврзани со проектот за изградба на четири автопатски делници на коридорите 8 и 10д. Во Комисијата за европски прашања треба да се разгледа петтиот и последен законски предлог од пакетот закони за изградбата на коридорите 8 и 10д – Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп– Битола) во Република Северна Македонија, по скратена постапка.

На пленарна седница досега дебатата е завршена по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за експропријација и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градење, сите по скратена постапка. Додека, пак, комисискиот филтер го поминаа Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за градење, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за експропријација, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање и останува петтиот и последен законски предлог од пакетот закони за изградбата на коридорите 8 и 10д – Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп– Битола) во Република Македонија, сите по скратена постапка.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *