Култура Македонија Новости Топ Вести

ГРАН ПРИ ЗА ДТМ ВО НОВИ САД

Претставата „Роња, ќерката на ограбувачот“ од Астрид Линдгрен, во режија на Јакуб Максимов на фестивалот „Новосадски театарски игри” се закити со две награди. Жирито едногласно донесе одлука да и додели Гран при, зашто „претставата е исклучително  повеќеслојна во сите нејзини сегменти. Во исто време архаична и модерна, и ги поседува сите потребни карактеристики за првокласна претстава”.

Актерката Матеа Јанковска ја доби наградата за најдобра анимација на кукли.

Приказната во „Роња, ќерката на ограбувачот“ зборува за мостовите во животот. Драматург е Горјан Милошевски, а во претставата, освен Јанковска, играат и: Ангела Димитрова, Никола Наковски, Катарина Илиевска – Силјановска, Петар Стојанов, Мики Анчевски.

Новосадски театарски игри од 8 до 15 мај 2023 година се одржаа во Нова Сад, Република Србија.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *