Достоинство со иницијатива за кревање спомен обележја за македонските бранители
Иницијативата на партијата Достоинство за изградба на споменици на паднатите бранители во Вејце, Карпалак и Љуботенски Бачила доби поддршка од четворица пратеници во законодавниот дом.
Павле Трајанов, Мирослав Јовановиќ, Димитар Апасиев и Борислав Крмов го прифатија предлогот да се измени и дополни законот за меморијалните споменици и спомен обележја. Од партијата сега очекуваат и останатите пратеници од македонскиот политички блок да ја поддржат иницијативата.
„Срамота е 22 години по завршувањето на вооружените дејствија од 2001-та сеуште да нема репрезентативен и достоинствен споменик кај Карпалак, место каде од заседа во ужасни маки изгореа 10 македонски бранители, скромен но достоинствен споменик на местото на заседата кај Вејце во која беа масакрирани осуммина припадници на македонските безбедносни сили, скромен но достоинствен споменик кај Љуботенски Бачила каде од мини загинаа осум бранители, кај Требош каде во заседа загинаа тројца бранители, а по потреба и на други места. Споменици кои ќе потсетуваат на еден крвав и мрачен период од нашата блиска историја, а не’ споменици кои ќе шират омраза.“ – вели Стојанче Ангелов.






