Некатегоризирано Новости Топ Вести

МИЦКОСКИ: ЌЕ ВЕ ИСПРАТАМ ВО ПЕНЗИЈА

Точно  22 години ДУИ е на власт. 22 години тие не живеат за Албанците, туку живеат од нив. Градејќи кариери на некаков лажен мит, на некаква лажна борба, зад која се кријат лични интерес и на сметка на крадење на народот. Колку повеќе години власт на ДУИ и СДС во државата, толку помалку народ. 22 години ДУИ е дел од сите порази на Македонија. 22 години власт ДУИ е дел од сите афери, од сите скандали, од сите патења на народот. И затоа испраќам јасна и недвосмислена порака, тука од заедничкото Тетово, од народот до ДУИ и Ахмети: Доста е, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од овој град.

– До тука беше. Доста крадевте и градите среќа на несреќата на народот. Доста ја пиете крвта на народот кој се помалку го има. ВРЕМЕ е за пензија и опозиција. А тоа народот ќе ви го испорача на овие избори. Тоа народот ќе и го испрати во име на сите предавства, порази и неуспеси – рече Мицкоски на трибината „Социјални политики против осиромашувањето и сиромаштијата“.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *