Европско знаменце за спас од блокад. Вицепремиерот Артан Груби во друштво со половина влада вчера најави дека влада ќе предложи пет нови законски измени за договорот со „Бехтел и Енка“, со европско знаменце.
На ваков чекор се одлучиле бидејќи коридорите 8 и 10Д се додадени како европски, а законите се блокирани во Законодавниот дом. Со нив, според Груби, ќе се заштедат време и пари.
Груби вели и дека не постои зборот „пенали“ во договорот, иако опозицијата обвинува дека во она што тие го имаат добиено од свиркач, има предвидено дополнителни трошоци ако не се изгласаат законските измени. Сумата од 1,3 милијарди евра произлегла од физибилити студија, направена по нарачка на градежниот факултет, но до неа е дојдено без пресметани ДДВ, увозни давачки и акциза – трошоци кои треба да се укинат со новите законски решенија. Во ЗРО пак, се предвидува плаќање прекувремено за работа над 40 часа неделно и задолжително почитување на одредбите за неделен одмор.