Македонија Новости Топ Вести

НЕМА УКИНУВАЊЕ НА ПРЕСУДИТЕ И НОВО СУДЕЊЕ ЗА „27 АПРИЛ“

Советот за казниви дела при Врховниот суд денеска донел одлука со која на осудените за насилствата при организираниот напад на Собранието на 27 април 2017 година, не им дозволи да имаат повторно судење.

„Советот за казниви дела на седницата одржана на 26.04.2023 година, продолжена на 03.05.2023 година, одлучуваше по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда по предметот познат во јавноста како ‘27 април’. Советот донесеп ресуда Квп.Кок2. Квп бр.14/22 со која барањата за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје КОК.бр.40/18 од 15.03.2019г одина и на пресудата на Апелациониот суд Скопје КОКЖ.бр.39/19 од 12.02.2021 година,ги одби како неосновани“, соопшти Врховниот суд.

Во февруари 2021 година Апелациониот суд Скопје им ги намали казните на сите 15 осудени за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, па така на ексдиректорот на БЈБ Митко Чавков, кој беше осуден на 18 години затвор, казната му беше преиначена на 16 години. Митко Пешов, Душко Лазаров и Горан Ѓошевски, кои добија по 15 години, казните им беа намалени на секој по 13 години.

Александар Николовски-Нинџа, осуден во Основниот кривичен суд Скопје на 8 години затрвор, доби 7. Оливер Поповски и Мунир Пепиќ од 13, добија намалување на 11 години затвор.

На Абдуљфета Алими казната од 7 години му е намалена на 6 години, додека Јане Ченто од првичните 15, доби 13 години затвор, итн.

За овој насилен настан нема докажани и осудени нарачатели, бидејќи предметот за нив Скопска апелација го врати назад, на повторно судење во Кривичниот суд.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *