Македонија Новости Топ Вести

ВАНДАЛИЗИРАНИ СПОМЕН ПЛОЧИТЕ ВО ЧЕСТ НА МАСАКРИРАНИТЕ БРАНИТЕЛИ КАЈ ВЕЈЦЕ

СО ПЛЕМЕНСКИ МАНИРИ, ТЕРИТОРИЈАЛНИ ПРЕТЕНЗИИ И НИКАКОВ СОЖИВОТ НЕМА ЧЕКОР КОН ЕВРОПА И СВЕТОТ

Во 21 век кога светската цивилизација претендира да се колонизора на Марс, албанците од Tетово преку вандализам и рушење на сé што е македонско се враќаат во камено доба.

Имено, осквернавени се поставените плочи во чест на масакрираните бранители во Вејце од 2001 година, кои ги поставија лидерите на Левица, Апасиев и Крмов, но и другите присутни.

Секоја година сликата е иста, а државниот врв е нем и глув на уринирањето врз историјата и државноста од страна на албанското малцинство кое дивее врз државата која ги храни и вдомила.

Сите функцуонери целите кон Европа и Запад, а самите знаете дека со ваков “соживот” не се оди никаде.

Се сликате по медиуми и со претставници на Европската заедница, а општеството ви е труло.

Вечна им слава на македонските бранители, гробот вечно ќе им се знае, бидејќи не можете толку да искршите колку што ние може да поставиме, се вели во соопштението на Левица.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *