Македонија Новости

Најчевска: Дајте бре луѓе тргнете ги Груби и неговата банда од власта, заедно со неговиот потрчко Ковачевски, да почнеме да личиме на држава

Артан Груби му фрли ракавица на првиот опозиционер Христијан Мицкоски, доколку до следната недела државата не плати пенали за „Бехтел и Енка“, неговите пратеници да ги гласаат законите во Собранието кои се на барање на компанијата што треба да ги гради коридорите 8 и 10д, а меѓу кои е и тој за 60 работни часа неделно за работниците кои ќе работат на автопатите.

Груби во фејсбук пост и порача на опозицијата дека блокадата во Собранието не може да ја запрат градбата на автопатите, туку само како што вели да ја поскапат и пролонгираат.

Професорката Најчевска на вели дека ова веќе не е ни мафија, туку ниво на маалски мангуп-насилник

„Ова веќе не е ни мафија.

Ова е на ниво на маалски мангуп-насилник.

Дај бре луѓе тргнете ги Артан Груби и неговата банда од власта заедно со неговиот потрчко Ковачевски да почнеме да личиме на држава.

Нека оди и нека се клади средсело кај чешмата“, вели Најчевска.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *