Македонија Новости Топ Вести

Левица: Работникот ја троши платата на инфлација додека директорите земаат милионски дивиденти

  •  Прес-конференција на Координатор на Трудов сектор – Александар Димитријевиќ

Во време кога во високоразвиените држави се имплементира шест часовно работно време, нас ни се сервира феудализам и робовладетелство. Предлогот на Владата за 60-часовна работна недела нѐ врати назад во 1882 година, кога во индустријата се работеше и 12 часа дневно.

Лошите услови за работа ги приморија работниците да се иселат од државава; ги дискриминираат жените-земјоделки; на железничарите им се исплаќаат плата во половинки; поради расипничкиот однос во јавните претпријатија работниците не можат да земат додатоци и надоместоци на плата; вработените во маркетите работат во ладни простории; градежната мафија ги експлоатира незаштитените и непријавените работници.

На објавениот повик на Левица, преку 1000 работници пријавија нерегуларности на работните места. Ова е знак дека правата на работниците се само декларативна УТОПИЈА во програмите на денешните политички чинители. Класната разлика е се поголема, додека директорите во банките земаат милионски дивиденди, обичниот работник ја троши платата на инфлација.

Затоа, работници и работнички, нема друга алтернатива освен организираната политичка моќ на трудот. Наместо за работнички права, заедно да се бориме за власт. За РАБОТНИЧКА ВЛАСТ и за политичка моќ на трудот!

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *