„Златен објектив“ за аниматорката Тонкица Митровска и композиторот на филмска музика Љупчо Константинов
Кинотеката на Македонија , по повод својот роденден на 29 април, секоја година го доделува признанието „Златен објектив“ на филмски работници, кои преку својот професионален ангажман придонеле за создавањето, развојот, промовирањето и популаризацијата на македонската кинематографија. Управниот одбор на Кинотеката на Македонија ги прогласи Тонкица Митровска, аниматорка, и Љупчо Константинов, композитор на филмска музика – за добитници на наградата „Златен објектив“ за 2023 година.
Признанијата ќе им бидат доделени на посебен настан што Кинотеката ќе го организира во текот на месец ма
Оваа награда им се доделува на филмските работници кои преку својот професионален ангажман придонеле за создавањето, развојот, промовирањето и популаризацијата на македонската кинематографија.