Македонија Новости Топ Вести

Селим Адеми: Законот ја регулира процедурата за избор на претседател на Судски совет, но не и за разрешување

Се согласувам со она што го кажаа експертите, дека прашањето околу разрешување на претседател на Судски совет треба да се регулира. Во закон не е предвидено како се разрешува и дали може да се разреши претседател на Судски совет, но се што не е забрането со Устав и со закон е дозволено, вели заменик-претседателот на Судски совет, Селим Адеми кој во средата ја разреши претседателката Весна Дамева.

Адеми појаснува дека Законот ја регулира процедурата за избор на претседател која налага дека мора да биде избран со осум гласа, но не и со колку се разрешува.

Во советот имавме мнозинство и беше гласано седум спрема пет. Советот брои 13 членови, плус два чена без право на глас, но Законот се однесува на 13 членови кои имаат право на глас, значи седум е мнозинството во секоја одлука на Судскиот совет, доколку со закон не е предвидена друга процедура.

Значи претседател се бира со осуммина, но со Законот не е регулирано со колку се разрешува и тука е правната дупка. Никаде не пишува дека ако те избираат со осум гласа и те разрешуваат со осум гласа. Добро би било Комисијата за реформи во Министерството за правда да го регулира ова прашање, додава тој.

Според него, експертите погрешно го толкуваат разрешувањето на Дамева оти е спротивно на Законот.

Експертите погрешно толкуваат. Таму пишува дека со осум гласа се разрешува од член на Судскиот совет, но Весна Дамева не е разрешена од функцијата член на Судскиот совет, таа продолжува да биде член, таа е разрешена од функцијата претседател, потенцира Адеми.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *