Македонија Новости Топ Вести

Кржаловски: Работните групи за уставни измени се беспредметни

Директорот на МЦМС Александар Кржаловски во гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Телевизија Алфа истакна дека во Македонија не постои одговорност, односно тоа што се ветува на избори не се реализира и обратно.

„Во случајот со Уставните измени или тоа што го прифатија Францускиот предлог, ништо од тоа не стои во нивната програма. Напротив во кампањата кога веќе беше јасно бугарското вето беше ветувано нешто сосема друго, за на крај да завршиме како во случајот со Грција, со прифаќање на позициите на другата страна прилично во целост. Проблемот со функционирањето на демократијата кај нас е во голема меркатоа што не се почитува тоа што си го говорел на изборите за кое си добил легитимитет да го спроведеш тоа кое што си го ветил“ – истакна Кржаловски.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *