Македонија Новости Топ Вести

Утре во Битола, сирени во знак на почит кон прерано заминатите деца

Со вклучување на сирена утре во 17 часот пред Клиничката болница во Битола ќе има протест поради смртта на новороденчето кое завчера почина на Одделениетие за гинекологија и 5-годишната Јана Христовска која умре на 22 март на Педијатриското одделение во болницата.

„Ќе носиме сирена, ќе ја вклучиме а потоа ќе одадеме една минута почит за сите прерано заминати чеда, родители и пријатели и ќе си отидеме… Нека сирената ја означи алармантната сотојба во болницата, а молкот нека биде за наш потсетник за тие на небесата, оти сите немо седиме и чекаме промените од небо да паднат, а не ние да ги створиме час поскоро за да спасиме нечии живот“, најави Игор Петковски, кумот на Јана.

За потсетување шестгодишната Јана почина пред три недели во битолската болница додека примала инфузија. Растворот бил со гликоза, иако нејзиниот шеќер бил 9, по што и се качил на 19. Првичните извештаи открија дека најверојатно причина за смртта е вирусен инфект кој го погодил срцето. Се уште се чекаат резултати од нејзината обдукција.

Обдукција ќе му се прави и на новороденчето кое почина вчера. Се поставува прашањето зошто мајката била пуштена дома откако и била дадена таблетата за провокации, кога во тие часови бебето треба да биде цело време под надзор преку CTG апаратот. Министерот за здравство денеска изјави дека бебето било родено со брадикардија, дека докторите се обиделе да го реанимираат откако го изгубиле пулсот, но безуспешно.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *