Според Транспаренси изборот на надзорот на Коридорите 8 и 10Д е „матен“
И според Транспаренси изборот на надзорот на Коридорите 8 и 10Д е „матен“, само на ЈО му требаат месеци за да побара запирање на работите.Требаше да помине повеќе од еден месец како медиумите, граѓаните, стручната јавност и политичките партии да нотираат корупција во изборот на надзорот за изградба на Коридорите 8 и 10Д за ЈО да каже дека води истрага – велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ
Тие сметаат дека наместо штури објаснувања, ЈО треба да побара запирање на работите на надзорот и да спроведе брза истрага, која ќе гарантира дека парите на народот не се раскрчмуваат со матни зделки, и ќе санкционира секаква нерегуларност.