Македонија Новости Топ Вести

Ковачевски: Нема одложување на уставните измени

29/03/2023

Премиерот Димитар Ковачевски е дециден дека нема да дојде до одложување на уставите измени.

-Со формирањето на експертската група и нивната работа, ќе започне процесот, кој што потоа ќе влезе во процедури пропишани со закон. Верувам дека нашата држава има демократски и европски капацитет и визија и оваа одлука за продолжување на европскиот пат нема да биде заложник за личната кариера на еден човек во државата, кој е подготвен за својата лична фотелја да ризикува прекинување на процесот кој значи полноправно членство во ЕУ и голем број инвестиции за земјата. Нашите граѓани сакаат да живеат во ЕУ, но тука во својата земја, а не да одат во туѓина, кажа Ковачевски како одговор на новинарско прашање по посетата на групацијата „Везе Шари“-Требош.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *