Само 196 Бугари ќе гласаат во Македонија на предвремените парламентарни избори во Бугарија
Бугарското министерство за надворешни работи на својата официјална страна објави дека на престојните предвремени парламетарни избори во Бугарија, од Македонија ќе гласаат 169 Бугари.
На официјалната страна на бугарското МНР, објавени се списоците со лица кои се пријавиле да гласаат во Македонија.
Во Скопје се пријавени 15 лица, во Битола 9, во Кавадарци 42, во Прилеп 41, во Струмица 22, во Тетово 40.
Предвремените парламетарни избори во Бугарија ќе се одржат на 2-ри април.
На последниот попис спроведен во Македонија, вкупно 3.504 лица се изјасниле како Бугари.