Дури сега ќе им тргне, Заев се вклучи во кампањата на СДСМ и Пендаровски

Ако се грижите за сопствената македонска земја, ако си го сакате својот народ, ако верувате во европскиот пат на Македонија, ако не сте подготвени да се предадете и откажете од иднината, СДСМ и коалицијата за европска иднина се единствениот избор, бројот 1 е секогаш пред сите, како што е ЕДЕН и единствен нашиот завет за татковината, порача во видео обраќање поранешниот премиер и претседател на СДСМ, Зоран Заев.
Тој потсети на реализираното во последните седум години и побара поддршка за актуелниот претседател на СДСМ Димитар Ковачевски и претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.






