Македонија Новости Став Топ Вести

24 април и 8 мај ќе бидат неработни за сите граѓани


По нејаснотиите и недоразбирањата дали деновите на гласањето, 24 април и 8 мај, да бидат задолжителни неработни денови само за вработените во јавната администрација, Владата денеска донесе одлука тоа да важи за сите граѓани на Македонија.

Одлуката е донесена заради непречено спроведување на изборите за претседател на Републиката и изборите за пратеници. Овие два неработни дена нема да се одработуваат.

Денешната владина одлука се однесува на сите граѓани на територијата на Македонија.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *