Македонија е пред историска одлука. Ова се повеќе од обични избори каде се носи судбоносна одлука за иднината на државата, за вас и вашите семејства. Ова се избори каде директно вие одлучувате за вашите судбини и со вашиот глас ја враќате контролата над државата која ви е одземена“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од митингот во Гевгелија.
Мицкоски додаде дека најголемата трагедија е што овие години полека, но сигурно системот е срушен. Системот кој е создаден да служи на народот, е киднапиран и одземен од контролата на народот. Тој сега служи на стотина души од ДУИ кои управуваат со Македонија и на нивните слуги од СДСМ.
Нема ниту една услуга која системот треба да ви ја обезбеди, а да не мора да ја добиете на потешкиот начин или воопшто да не ја добиете. Корупцијата е најшироко рапсространета. Денес мито се бара за најобични услуги кои системот има обврска да ги обезбеди. Криминалот стана нормална појава во институциите.
Погледнете, нема тендер кој не е сомнителен. Се договораат во 4 очи, а парите завршуваат во десетина фирми за кои ако се прочепка сопственичката структура ќе видите дека тое се блиски луѓе на власта“, рече Мицкоски.






