Македонија Новости Топ Вести

Цуцуловски: Партиите на Албанците се радикални и со националистички барања

Коментирајќи го внатрешниот конфликт во ДУИ, како партија на етничките Албанци во Македонија, професорот Љубомир Цуцуловски искоментира дека без разлика на внатрешните поделби во оваа партија, што и да се случи со истата тие ќе останат на линијата на своите националистички барања.

Професорот Цуцуловски во својот фејсбук статус наивност, напиша дека во партиите од т.н. албански блок нема идеолошки разлики и дека сите имаат радикални и националистички барања.

Некои се радост и надеж гледат во расцепот во ДУИ. Само што не обрнуваат внимние дека таканаречените Огнени не ѝ префрлаат на ДУИ бидејќи е премногу радикална во националистичките барања, туку затоа што била преблага во решавањето на „албанското“ прашање. Дали овој оптимизам резултира од пуста наивност или од итра пресметаност, не е битно. Битно дека и Огнените и ДУИ, како и која било друга партија на Албанците, се еднакво радикални во националистичките барања. Тие и понатаму тврдат дека биле обесправени.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *