Македонија Новости Став Топ Вести

Приватните специјализанти бараат повисоки плати и регулирање на работниот однос

Приватните специјализанти денеска ќе одржат мирен протест пред Министерството за здравство со барања за покачување на месечен надоместок, здравствено осигурување и регулирање на работниот статус, најави Здружението на лекари специјализанти.

Како што информираат од Здружението, нивните барања до министерот за здравство се покачување на месечниот надомест којшто сега е 26.000 денари на ниво на моментална просечна плата во државава и понатамошно усогласување на нивната плата со просечната плата во државата.

Здружението бара сите приватни специјализанти да добијат здравствено осигурување и да им се регулира работниот статус, бидејќи, како што наведуваат, во моментов се водат како невработени лица, со договор на дело, без стаж во тек на шест години специјализација.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *