Македонија Новости Став Топ Вести

Џафери: Собранието ќе биде во функција и откако ќе се распишат избори


Собранието нема да се распушти поради претседателските и парламентарни избори и ќе работи до почетокот на кампањата во април, најави претседателот на Парламентот Талат Џафери. Потоа ќе работи само ако е нешто многу битно. Џафери треба да биде технички премиер и да ја предводи владата 100 дена пред избори.

На Џафери, ова му е шести мандат како пратеник, од кои два мандати беше претседател на Собранието. Тој вели дека и по седми пат би бил на листата за пратеници, оти како што посочува има уште некоја година до пензија.Џафери пред да биде избран за премиер, треба да се повлече од местото претседател на Собранието, а на негово место да дојде Јован Митрески од СДСМ.

На последниот брифинг со новинарите тој информираше дека нема посебна процедура по однос на формирање на техничката влада. Посочи дека важи вообичаената процедура за избор на нова влада. Тој нагласи дека претседателските и парламентарните избори ќе бидат распишани во ист термин, односно кон средината на февруари. Потенцира дека по празниците ќе се почнат подготовките за техничката влада.

-Нема посебна процедура по однос на формирање на техничка влада од ваков тип кое што произлезе од Пржинскиот договор. Но во принцип основот е процедурата за избор на влада, која што е пропишана но не мора да е во тие рокови и времетраење. Формално, според Деловникот дебатата трае два дена, мора да се планира свикување, па подготовки, оставки, претходни процедури кои треба да се завршат за да почне седницата соодветно и да трае евентуално до вториот ден. Формално е истата процедура како при избор на нова влада. Се знаат датумите за избори и никој не би влегол во ситуација да го компромитира рокот кој што консензуално е веќе договорен за избори. Првично ќе биде мојата оставка, па седница за избор на нов претседателна Собранието и друга седница за избор на влада. Во исто време ќе бидат распишани парламентарните и претседателските избори, бидејќи се вклопуваат двата термини на миниум 70 дена и максимум 90 дена. На 14 или 15 февруари ќе бидат распишани претседателските и парламентарните избори, рече спикерот.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *