Македонија Новости Топ Вести

Маричиќ за „Пондики“: Дијалогот со Бугарија да се заснова на принципи, а не на силата


Прашањето со Бугарија треба да се реши од перспектива на европските вредности и принципи. Нагласувам дека е неопходен дијалог кој се заснова на европските вредности и принципи, а не на тоа „кој е посилен“ или кој е член на Унијата, а кој не, вели заменик-претседателот на Владата на Македонија за европски прашања Бојан Маричиќ во интервјуто за грчкиот информативен портал „Пондики“, јави дописничката на МИА од Атина.

Во интервјуто под наслов „Атина и Скопје работат за интеграција на Македонија во ЕУ“, Маричиќ говори за неодамнешната неформална вечера на лидерите од Западен Балкан во Атина, организирана од грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, за европската перспектива на земјата, но и за Договорот од Преспа и односите со Грција.  

Вицепремиерот истакнува дека следните чекори на патот кон членството на Македонија во ЕУ вклучуваат „храбри мерки и одговорна работа во внатрешноста“ и изразува подготвеност за дијалог со Бугарија, објаснувајќи дека „веќе разговараме за сите отворени прашања што постојат“.

-Подготвени сме да се справиме со прашањата за време на преговорите со Европската Унија. Во никој случај не сме подготвени да се откажеме од нашиот македонски јазик и нашиот идентитет. Имаме сет на обврски што треба да ги исполниме за нашата интеграција во Европа. Навременото исполнување на овие обврски ќе ја покаже нашата вистинска намера да станеме ценета членка на Европската Унија. Во оваа фаза, Македонија не само што се стреми да ги исполни критериумите засновани на стандардите на ЕУ, туку и да ги надмине, вели Маричиќ и истакнува дека земјата е целосно посветена на ова патување и „следните чекори се доказ за нашата одлучност“.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *