Македонија Новости Топ Вести

СДСМ ќе предложи Резолуција за Илинден во македонското Собрание


СДСМ во вторник ќе предложи Резолуција за Илинден во македонското Собрание, најави денеска портпаролот на партијата, Дарко Каевски.

-Илинден е еден од најсветлите празници во македонската историја. Светилник на нашата борба за посебност и независност и  тоа не може да го смени и одземе декларација на која било партија во или вон Македонија. Илинден е дел од секој Македонец и од целиот македонски народ, на 2 август ќе го прославиме со полно срце и гордост како 120 години до сега, рече Каевски во одговор на новинартско прашање на денешната партиска прес-конференција. 

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *