Македонија Новости Топ Вести

На Денот на Св. Кирил и Методиј донесена Декларација за македонскиот јазик

Со декларација за македонскиот јазик донесена од научната заедница од областа на македонскиот јазик вчера беше одбележан Денот на Сесловенските просветитети Св. браќа Кирил и Методиј.

Со Декларацијата, како што се наведува во неа, се потврдува многувековниот просторен и верменски континуитет на македонскиот јазик и неговите дијалекти во групата на словенските јазици, опфаќајќи ја фактографски историјата, стандардизацијата, кодификацијата и иднината на македонскиот јазик. Во Декларцијата се наведува дека македонскиот јазик не може да го попречи никакво негирање.

Декларацијата беше прочитана на свеченото одбележување на 24 Мај кое за првпат на ваков начин беше организирано и одржано на Плаошник во Охрид, а посветено на македонскиот јазик. На свеченоста организана од владата се обрати Димитар Ковачевски кој рече дека денешниот ден треба да биде гордост за Македонците бидејќи го дочекуваат со македонскиот јазик прифатен и признат во ЕУ.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *