Македонија Новости Став Топ Вести

Агелер : Бев многу задоволна што името на Груби е на црната листа

Американската амбасадорка со грст пофалби за новата влада – во шест месеци постигнала „значителен напредок“


Американската амбасадорка Анџела Агелер вели дека сите во Македонија знаеле кој е корумпиран и таа е задоволна што на листата се нашол поранешниот висепремиер Артан Груби.

„И моја претпоставка е дека веројатно никој во оваа земја, меѓу граѓаните, во судството… не бил изненаден кога го видел неговото име на листата. Една од работите што е факт е кога САД објавиле назначување на некој поединец, а истото важи и за судијата Беџети, никој не вели, боже, не ми се верува. Сите знаат во оваа држава кој е корумпиран. И јас, и вие знаете, искрено, дека ова е нешто за кое тесно соработувавме со Вашингтон за да го обработиме. Поминаа многу, многу месеци. Така што воопшто не бев изненадена. Бев многу задоволна. Бев многу задоволна и што Вашингтон можеше да го објави соопштението на Меѓународниот ден за борба против корупцијата, на 9 декември. Значи, не бев изненадена. Бев задоволна, порача Агелер во интервју за „Слободен печат“.

Околу дилемата зошто високи функционери никогаш не се ставени на листата додека се на функција, туку отпосле Агелер вели дека тоа не е одлука, туку  процес.

„Вашингтон работи со амбасади, со нашата амбасада овде, на пример, што помага да се состави пакет информации за поединци, за кои веруваме дека локално учествувале во криминална корупција. И потоа тоа е прилично долг процес. И некој, амбасадата, или која било амбасада во светот, може да состави пакет за поединец, и тоа може да потрае повеќе месеци до неколку години, во зависност од комплицираноста на случајот. Така што, за нас тоа никогаш не е политичко прашање. Ме прашаа дали ова е одговор на различни политички активности во текот на минатата недела или месеци. И одговорот е не. Нашиот процес не функционира така. Не ни е намерата да се вклучиме во политиката. Значи, ако во неговиот случај, случајот беше завршен додека тој сè уште беше на функција, тогаш апсолутно ќе го пуштивме во тоа време. Но, не беше. Значи, тоа е само прашање на процесуирање“, вели Агелер.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *