Македонија Новости Став Топ Вести

Данела: Оставка не давам !

Во четврток на Советот на Град Скопје градоначалничката ќе престави нов план со решениеја – веќе предложениот, но дополнет со желбите на Мицкоски


По три години ВМРО-ДПМНЕ признава дека блокадата е организирана и оркестрирана токму од оваа политичка партија и нејзините советници на Град Скопје, оцени денеска на прес-конференција градоначалничката Данела Арсовска. Според она што го кажа, таа не е многу оптимист од средбата со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за локална самоуправа Златко перински и смета дека целта и била – само да ја тргнат од себе одговорноста. 

-Сакам да го цитирам  Перински, дека генерален заклучок е дека нема комуникација помеѓу советничките групи во рамки на Градот Скопје. Добро е што Мицкоски се обиде да ги поправи грешките на неговите сопартијци, но за жал, сето тоа наликуваше на политички циркус само за добивање на политички поени. Јас не се натпреварувам за политички поени, рече Арсовска.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *