На средбата бил координаторот на пратеничката група на Влен, Беким Ќоку, вицепремиерот Беким Сали и градоначалникот на Чаир, Изет Меџити.
Според соопштението, на средбата била изразена благодарност за континуираната поддршка на Европската унија и Европскиот парламент за евроинтегративниот процес на државата, како и за поддршката на реформската агенда насочена кон зајакнување на владеењето на правото, демократијата и институционалната стабилност.
Се разговарало за актуелните политички состојби, реформските приоритети и следните чекори на патот кон полноправно членство во Европската унија, при што беше потенцирана потребата од одржување на реформскиот курс и силна политичка волја.






