Македонија Новости Став Топ Вести

ДУИ го загуби и Гостивар поради излезноста. Недостигаа 0,02 отсто


Во Гостивар недистигаа еден грст гласачи за изборите во неделата да бидат успешни и кандидатот на коалицијата околу ДУИ, Валбон Лимани, да ја прослави убедливата победа во првиот круг од локалните избори.

ДИК соопшти дека во Гостивар не бил постигнат потребниот цензус на изборите да излезат една третина од запишаните гласачи. Во Гостивар излегле 33,31 отсто од гласачите, што значи дека недостигале само 0,02 проценти. Изборите ќе се повторат. Лимани освои 16,949 гласови (61,39 отсто), додека Сабаедин Даути од „Вреди“ 4.221 (15,29 отсто).

Ова беше сигурна општина за коалицијата околу ДУИ и за да не успеат изборите имаше тивок бојкот на политичките противници, што на крај резултираше и со неуспешност на изборите. И на гласањето за советници коалицијата НАИ однесе голема победа.

Повторување на изборите ќе има уште во три општини: Центар Жупа (излезноста беше 21,49), Маврово и Ростуше (30,31) и Врапчиште (25,18)

Според првичните официјални резултати, во првиот круг од локалните избори, ВМРО-ДПМНЕ освои градоначалнички места во 33 општини, коалицијата „Вреди“ во пет, НАИ во три и СДСМ во три.

Излезноста на локалните избори е 46,63 проценти, односно на изборите излегле да гласаат  854.620 граѓани. Во 33 општини за две недели на 2 ноември ќе има втор изборен круг за избор на градоначалник. 

ДИК како неосновани ги отфрли приговорите за наводни нерегуларности во изборниот процес поднесени од Група избирачи Билјана Ивановска за градоналалник на општина Центар и на Група избирачи Јане Димески за советничка листа за општина Центар.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *